header

ПАМС

Друштвото ПАМС ДОО Скопје е основано во 1993 година како друштво за трговија на мало со обувки и предмети од кожа. Активно со работа започнува во 1995 година кога е отворена првата продавница за обувки во населбата Ѓорче Петров, во Скопје. Друштвото е основано како семеен бизнис, и оттогаш па сè до денес функционира на истиот принцип. Основната дејност на фирмата е трговија на мало со машки, женски и детски обувки, од најразлични домашни и странски производители.

Денеска, друштвото е значително зголемено, има 6 вработени лица, и продажбата ја врши преку две продавници во Скопје. Едната е лоцирана во населбата Ѓорче Петров во Скопје, а другата во населбата Карпош 4, исто така во Скопје. Од комплетната палета на производи што се нудат, речиси 80% се од домашно производство, што ја прави фирмата ПАМС значителен промотор на македонската линија на производство на чевли и генератор на домашното производство на обувки. Сепак, дел од производите кои се нудат се од странски производители, пред сè квалитетни обувки со потекло од: Италија, Австрија и Бразил.

Раководството на друштвото е во рацете на основачите Стојна и Петре Чаповски, со тоа што директор на друштвото е Петре Чаповски, додека Стојна Чаповска раководи со делот на набавката и продажбата.

"ПАМС Скопје, неговото раководство и неговите вработени, секогаш се трудат на своите потрошувачи да им овозможат врвна услуга, квалитетни производи и навремени информации. Во иднина друштвото ќе продолжи со работа на истиот принцип, со надеж за зголемување на својот обем на активности на домашниот пазар."